Драги: Путин нема физички да присуствува на Самитот на Г-20 во Индонезија

1 min read

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека индонезиските власти ја отфрлиле можноста рускиот претседател Владимир Путин физички да присуствува на самитот на Г20 на Бали на 15 и 16 ноември.

– Што се однесува до учеството на претседателот Путин на средбата на Г-20, индонезискиот претседател (Јоко Видодо) категорично ја отфрли, (рускиот претседател) нема да дојде, рече Драги на прес-конференција на крајот од самитот на Г7 во Германија. Сепак, тој не ја исклучи можноста рускиот лидер да зборува преку видео врска. Путин учествуваше во сличен формат на две сесии на самитот на Г-20 во Рим минатиот октомври.

Вчера, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави пред новинарите дека Путин ја примил поканата на Индонезија да присуствува на самитот на Г20. Сепак, Ушаков не можеше со сигурност да каже дали Путин физички ќе присуствува на Самитот или преку видео врска.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Нефи Усеини пцуе новинарка што го прашува незгодни прашања

Следно

Драма во Скопје: Агресивен маж со пиштол се заканувал на полицајци

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian