Цвета канабисот во Албанија, стана седма во светот по производство

2 mins read

Во најновиот светски извештај за дрога објавен Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), Албанија се споменува како еден од водечките светски одгледувачи на канабис.

-Според извештајот, Албанија е седма во светот меѓу најспомнуваните земји за потекло, тргнување и транзит на канабис за периодот 2016-2019 година, (од вкупно 154 земји) по Мароко, Авганистан, Шпанија. Холандија, Пакистан и Либан, пренесува Топ чанел.

Во извештајот се наведува дека канабисот се произведува нелегално во секој регион во светот.

 

-Одгледувањето на канабис било пријавено или преку директни показатели (како што се одгледување или уништување растенија, или уништување на засадени полиња) или индиректни показатели (заплени за количини, извештаи за потеклото на запленетиот канабис) од најмалку 154 земји за периодот 2010-2020 година, стои во докуменот.

Албанија се споменува и во таканаречената балканска рута за хероин, која започнува од Пакистан, поминува низ Сирија, Турција, Грција, Албанија и завршува во западноевропските земји.

-Друг извештај, неодамна објавен од Европскиот центар за мониторинг на дрога (EMCDDA) пред околу еден месец, покажа дека албанските криминални групи, од 2017 година, не само што се прошириле, туку и станале пософистицирани, контролирајќи го и увозот и дистрибуцијата на кокаин од земјите од Латинска Америка на европските пазари, наведува телевизијата.

Според извештајот на UNODC, легализацијата на канабисот во делови од светот се чини дека ја забрзала секојдневната употреба и влијанијата поврзани со здравјето.

-Извештајот, исто така, дава детали за рекордните зголемувања во производството на кокаин, проширувањето на синтетичките дроги на пазарите во развој и постојаните недостатоци во механизмите за третман на дрога, особено за жените, посочува Топ чанел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Драма во Скопје: Агресивен маж со пиштол се заканувал на полицајци

Следно

„Нејзините очи сè уште светат“: Тешкиот живот на Авганистанката чиј портрет го обиколи светот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian