Манчестер јунајтед постигна договор со Барселона за трансферот на Френки де Јонг на „Олд трафорд“, објавија англиските медиуми.
Би-Би-Си пиува дека Јунајтед ќе и плати на Барселона повеќе од 65 милиони евра за трансферот на Де Јонг плус дополнителни бонуси.
За да се официјализира трансферот и холандскиот репрезентативец да се пресели во Јунајтед останува да се договорат деталите меѓу двата клуба, но според медиумите преговорите одат во вистински правец и наскоро се очекува да официјализација на трансферот.
Френки де Јонг треба да биде првото засилување за новиот менаџер на Јунајтед, Ерк тен Хаг кој денеска ги започна подготовките за новата сезона.
Според планот на Тен Хаг, Манчестер јунајтед на 8 јули ќе замине на турнеја по Тајланд и Австралија, а менаџерот сака дотогаш да биде реализиран трансферот и да го има и Де Јонг во тимот.