Последниот тренинг на кошаркарската репрезентација на Македонија ги тргна дилемите кај селекторот Драган Бајиќ околу ростерот со кој ќе настапи на претстојниот квалификациски натпревар за пласман на СП 2023 против Шпанија во Сарагоса.
Со оглед на големиот број на отсуства селекторот Бајиќ се определи да им даде шанса на двајца млади кошаркари кои треба да ги покријат бековските позиции.
Бајиќ одлучи Рубин Стефанов и Виктор Ташовски да се обидат да му дадат поддршка на Кристијан Николов на првата бековска позиција во мечот против актуелниот светски шампион.
Натпреварот од петтото коло во групата „Г“ ќе се игра на 1. јули од 19.30 часот во Арената „Принц Фелипе“ во Сарагоса.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ ВО СЕНИОРСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ТИМ
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
Стојан Ѓуроски – Пелистер
Андреј Маслинко – ТФТ
Виктор Ташовски – ТФТ
Виктор Ефремовски – Гостивар
Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија
Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД)
Рубин Стефанов – Италија