„Слободен печат“: Кој има корист бугарското вето да се стави во етничко гето?

3 mins read

Пeчaтеното издание на „Слободен печат“ донесува:

 

Хроника

Аналитичарите поделени за „престрелката“ Османи – Николоски: Кој има корист бугарското вето да се стави во етничко гето!

– Поделба Преку фрлање дрва и камења по Албанците, како да се непријатели на оваа држава, се прави обид да се направи етнички јаз по стратегиските прашања, со цел да се ослаби позицијата на државата и со тоа да се обезбеди политичка предност за опозицијата – напиша Османи.

 

Шансите за почеток на преговори минимални: Скопје и Софија загледани во Париз, се чека конечниот предлог

-Според Советот на амбасадори, предложената преговарачка рамка дава основи да се добие датумот за преговори, под услов билатералниот протокол, кој сè уште не е потпишан, да не остане во заклучоците на Европскиот совет, затоа што историските прашања не треба да бидат дел од преговарачката рамка.

 

Економија

Се смени предлогот за блок-тарифи за електрична енергија: Ќе се спасат и оние што се греат на струја

– Подигнат е прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Горната граница во втората блок-тарифа е 630 киловати во скапа тарифа за 30 дена, а третата е 1.050 киловати

 

Скопје

Карпошани реагираат на критериумите за субвенционирање: Надоместок за возачка дозвола само за оние што слават полнолетство, другите не се доволно „млади“

– Иако предизборните ветувања на Јакимовски се однесуваа на субвенционирање на млади карпошани, според јавниот повик, надоместок на средствата можат да добијат само оние што освен што се најмалку три години жители на Карпош, треба годинава да наполнат 18 години.

 

Спорт

Прес-конференција на РК Вардар 1961: Михајловски заминува, но откако ќе најде достојна замена

– Првиот човек на клубот најави повлекување од Вардар, но откако ситуацијата ќе се среди и ќе се најде достојна замена. Михајловски информира дека по забраната за учество во ЛШ идната сезона, клубот ќе се натпреварува во СЕХА и на домашната сцена. Михајловски ги посочи највисоките кругови на власт во државата и во град Скопје дека во кризното време ветиле помош, но на крај го оставиле на цедило

 

Moзаик

„Сандеј тајмс“    Нов скандал ја тресе Велика Британија: Принцот Чарлс добил милион долари во куфер од катарски шеик

– Станува збор за една од трите готовински трансакции, во вкупна вредност од 3 милиони долари, кои британскиот престолонаследник лично ги примил од поранешниот премиер на Катар, шеикот Хамад бин Јасим бин Џабер Ал Тани

 

  1. Моден викенд Скопје: Новите генерации на модни дизајнери „раскажаа“ свои модни приказни

– Под мотото: „Discover Who’s Next Graduation Show“, беше одржан Моден викенд Скопје, кој собра талентирани млади што ја пренесоа својата приказна и порака преку модата.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бред Пит: Никогаш не требаше да го снимам тој филм

Следно

Зеленски: Со ракета погоден преполн шопинг центар во градот Кременчук, има жртви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian