Прв медал за Македонија, борачот Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

1 min read

Одличен ден има Магомедгаџи Нуров кој денеска запиша четири победи на турнирот во борење на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Македонскиот борач во полуфиналето со 6:1 во категоријата до 97 килограми триумфираше против натпреварот од Египет, Мостафа Елдерс.

Претходно на патот до полуфиналната борба Нуров триумфираше со 13:2 против Мохамед Саадауи од Тунис.

Потоа, со 10:0 славеше над Алжирецот Мохамед Фардж, а со истиот резултат го совлада и Алехандро Канада Панкорбо.

Ова е прв медал за нашата земја на овие Медитерански игри. Нуров во финалето во вторник (28 јуни) ќе се бори против Турчинот Фејзулах Актурк кој со 10:2 во втората полуфинална борба го совлада Мохамед Саадауи од Тунис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Може да се добие изменет француски документ со македонските барања, вели Алберт Муслиу

Следно

„Бело самоубиство“: Тажната љубовна приказна на големата Марија Калас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian