Нов наплив на бегалци и мигранти на грчките острови

1 min read

Во вкупно 24 случаи околу 1.130 бегалци и мигранти со чамци се обиделе да влезат во грчките територијални води во морските делови кај островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Родос, во периодот од петокот наутро до утрово, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.

Додаваат дека повеќе од половина, односно 16 од случаите биле во близина на островот Лезбос.

Во сите случаи патролните бордови на крајбрежната служба реагирале и по навременото откривање, ниту еден од чамците не навлегол во грчките територијални води, а патниците биле преземени од турската крајбрежна служба.

-Грчката крајбрежна служба во рамките на националните мерки што се спроведуваат за справување со миграцискиот притисок, ги презема сите соодветни мерки за ефикасно следење и заштита на поморските граници на Грција и на Европската Унија со решителност, почитување на меѓународното право, имајќи ја како примарна грижа заштитата на човечкиот живот на море што е највисока професионална и морална обврска на крајбрежната служба, пишува во соопштението од крајбрежната служба на Грција.

За конкретното прашање, портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека „Турција ни за момент не запре да го инструментализира прашањето со бегалците и мигрантите, во суштина непочитувајќи го договорот што го потпиша со ЕУ”.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Полицијата потврди кражба на 16 уметнички дела во Скопје

Следно

Медитерански игри: Втор пораз на македонските одбојкарки во Оран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian