Никол Кидман и Кит Урбан ја прославија 16-годишнината од бракот со стари фотографии

1 min read

Бракот на Никол Кидман и Кит Урбан му пркоси на холивудските стандарди за брак.  Познатата оскаровка и нејзиниот сопруг, музичар, прославија 16 години од бракот, а по тој повод на социјалните мрежи споделија фотографии со симболични описи.

Меѓу другото, Кидман на нејзиниотт профил се присети на денот на нивната венчавка и напиша дека го памети „како да е вчера“. „Засекогаш“, додаде актерката покрај фотографијата на која младенците палат свеќи.

Двојката се запознала во 2005 година, а во почетокот и двајцата мислеле дека „другиот не е заинтересиран“. Сепак, не требаше долго да се роди љубов меѓу нив. Една година подоцна, тие беа домаќини на романтична свадбена церемонија во Австралија.

Набрзо следело првото искушение, бидејќи Кит морал да оди во клиника за да се лекува од зависност. Сепак, парот успеа да помине преку тоа.

Кидман и Урбан ја чуваат својата приватност подалеку од очите на јавноста и успеаја да не подлегнат на предизвиците што ги бара успешната кариера. Заедно имаат две ќерки Сандеј Роуз и Фејт Маргарет, а Кидман има и две деца Изабел и Конор со поранешниот сопруг Том Круз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каратистот Спасеновски загуби во првото коло на Медитеранските игри

Следно

Може да се добие изменет француски документ со македонските барања, вели Алберт Муслиу

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian