Може да се добие изменет француски документ со македонските барања, вели Алберт Муслиу

1 min read

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека може да се добие модифициран францускиот предлог со македонските барања.

-Реално е можно, не се голем број прашања кои не се договорени. Две позиции се – едната за протоколот да не биде дел од преговарчаката рамка и втора е да се отпочнат преговорите без да се завршат уставните промени. Ако се добие согласност, нема пречки да се одржи таа Прва меѓувладина конференција, каде ќе почне отворањето на тие преговарачки поглавја. Рамката која е дадена во Бугарското собрание е поширока од Резолуцијата која ја донесоа во 2019 година, ја дава таа можност на бугарската страна да го тргне ветото. Мислам дека тоа што Петков со неговиот пристап и го наведе Бугарското собрание да решава, му дава можност да се одблокира процесот. Во целиот процес на преговараање има моменти кога било која членка да го блокирање процеснот, но од морален и политички аспект може да се надмине тоа и да се случи во наредните денови, рече Муслиу во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Никол Кидман и Кит Урбан ја прославија 16-годишнината од бракот со стари фотографии

Следно

Прв медал за Македонија, борачот Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian