Медитерански игри: Втор пораз на македонските одбојкарки во Оран

1 min read

По вчерашиот тесен пораз од Египет со 3:1, македонската женска одбојкарска репрезентација загуби од Тунис со 3:0 (25:20, 25:11, 25:21) во денешното второ коло на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.

Стојанова беше најефикасна во „црвено-жолтиот“ табор со 12 поени, Јонузи запиша шест, Терзиевска и Стојановска имаа по пет, Павловска четири, Дикова три, а Хаџи Тосева два.

Нашите најдобри одбојкарки со учеството на Медитеранските игри се вратија на интернационалната сцена по повеќе од десетгодишна пауза.

Во вторник (28 јуни) утре во последното коло од групната фаза ќе играат против селекцијата на Грција.

Машката одбојкарска репрезентација на стартот во Оран загубија убедливо од Египќаните со 0:3.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов наплив на бегалци и мигранти на грчките острови

Следно

Бред Пит: Никогаш не требаше да го снимам тој филм

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian