Литванија изложена на голем кибер напад од Русија

1 min read

Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за кибер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана.

„Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор“, додаваат од Центарот.

Беа нападнати и безбедните мрежи што ги користат овие институции, се додава во соопштението.

Британските медиуми јавуваат дека руската хакерска група „Килнет“ ја презела одговорноста за нападот, објавувајќи дека тоа е одмазда за одлуката на Литванија да го забрани транспортот на руска стока преку нејзината територија до руската ексклава Калининград.

-Нападот ќе продолжи се додека Литванија не ја укине блокадата, изјави портпаролот на „Килнет“ за британските медиуми. „Уништивме 1.652 веб-извори. И тоа е само досега“.

Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница преку Литванија, која е членка на Европската унија и НАТО. (МИА)

kurir.mk

Претходно

За да не останеме без судии, итно се менува закон и им се продолжува работниот век

Следно

Полицијата потврди кражба на 16 уметнички дела во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian