Уште еден македонски каратист рано го заврши настапот на Медитеранските игри кои се организираат во Оран, Алжир.
Петар Спасеновски, освојувачот на бронзен медал на Европското првенство минатиот месец во Газиантеп, загуби во првото коло во категоријата до 84 килограми загуби со 8:0 од Мароканецот Набил Еч-Чаби.
Во текот на вчерашниот ден пораз на стартот на Медитеранските игри претрпеа и Петар и Симона Заборски.
Досега златни медали освоија Ерај Шамдан (Турција, -60 кг.), Дионисиос Ксенос (Грција, -67 кг.), Усама Заид (Алжир, -75 кг.) и Јусеф Бадави (Египет, -84 кг.).
Во женска конкуренција „златни“ се Силија Уикене (Алжир, -50 кг.), Луиза Абуриче (Алжир, -55 кг.), Чаима Миди (Алжир, -61 кг.), Ферјал Абделазиз (Египет, -68 кг.) и Кириаки Кидонаки (Грција, +68 кг.)