Голем неделен хороскоп (27 јуни-3 јули): Овните ќе бидат успешни во сè, на Девиците ги очекуваат промени

10 mins read

Овен

Искористете ја секоја можност да научите нешто ново. Сè што ќе правите и без директен контакт со вашите надредени ќе биде успешно, бидејќи вашата опуштеност ќе ви овозможи непречен креативен моментум. На љубовно поле ве очекува познанство поврзано со патување, излегување, прошетка или вечерна посета на кафуле. Доколку сте во врска или брак ви следуваат денови на преиспитување, но не избрзувајте со заклучоци. Во некои работи партнерот е повеќе во право од вас. Благодарение на силниот имунитет, успешно ќе се спротивставите на сите здравствени проблеми. Сепак, бидете внимателни бидејќи сте изложени на зголемен психофизички стрес.

Бик

Доколку сте желни за деловен напредок, сега имате можност да направите значаен чекор. Вашите идеи и потреби се доволно зрели и цврсти за да се остварат. Ќе имате особено стабилна финансиска состојба – ви се отвораат нови можности за заработка. Но, не претерувајте во трката за пари и кариера бидејќи околу вас ќе има убави можности за нови познанства, особено ако сте долго време сами. Доколку сте во врска, заеднички ќе ковате големи планови за иднината, но не се исклучуваат повремени несогласувања. Внимавајте повеќе на квалитетот на храната што ја консумирате. Држете се настрана од масната и пржената храна.

Близнаци

Искористете ги можностите кои ќе ви се отворат од среда. Понекогаш ќе бидете збунети, неконзистентни и ненадејни, но некои ситуации пред вас сепак укажуваат на решенија. Слободните оваа недела би можеле да се вљубат. Околностите ќе ве турнат во динамична комуникација, па доколку сте во брак или врска ќе бидете во искушение да посегнете по нешто забрането. Поставете си граници. И покрај повремените промени во расположението, ќе се чувствувате добро во сопствената кожа и ќе зрачите со позитивна енергија. Обидете се да си посветете што е можно повеќе време за себе.

Рак

Оваа недела нема да можете да избегнете некои незгодни и сложени задачи кои вклучуваат ризик и зголемена одговорност. Може да имате дефекти, инвестиции или адаптации кои ќе ве изнервираат и ќе создадат дополнителни финансиски трошоци. Вие сте мајстор во криењето на чувствата, што сега ќе биде особено видливо. Колку и да ви се допаѓа некој, ќе молчите за тоа додека не бидете сигурни што чувствува другата страна. За Раковите во брак или врска, деновите што претстојат носат многу неуспеси и несогласувања. Немирот и напнатоста што ќе ги чувствувате би можеле да ви предизвикаат проблеми. Добар излез од се што ви се случува би било посветување на некое хоби.

Лав

Меркур ја истакнува вашата снаодливост со која ќе доминирате на професионално поле. Добро ќе се снаоѓате во дискусии или натпревари. Вработените во администрација или сметководство ќе треба повеќе да се концентрираат на бројките или заостанатите сметки. Доколку имате брачни проблеми или од за вас неразбирливи причини, врската се распаднала, искористете ги овие денови за помирување. Не се откажувајте дури и ако вашиот партнер ве игнорира, бидејќи тој може да биде лут и навреден, па намерно ве „пржи“ на тивок оган. Во добра психофизичка состојба сте. Лавовите ќе имаат корист од исхрана базирана на овошје и зеленчук, но и повеќе движење.

Девица

Не се препуштајте на налетот на обесхрабрувањето бидејќи работата, трудот и посветеноста кои ви се чинат залудни, полека ќе го создадат никулецот на успехот. Можни се промени во работната средина, преселба, нови обврски. Доколку партнерот ве оставил во минатото, немојте да се изненадите од телефонски повик и желба да ја обновите врската. Одлуката ќе зависи од вас, ќе се двоумите, но сепак ќе донесете добра одлука. Бидете искрени, лагите никогаш нема да ви се исплатат. Осаменоста нема добро да влијае на Девиците, па затоа ви се советува да се опкружете со сакани луѓе чие друштво без сомнение ќе ве расположи.

Вага

Би можеле да склучите поволна зделка, која ќе ви обезбеди материјална моќ и ќе ја зајакне вашата деловна позиција. Покрај финансискиот аспект, можни се и други добивки како пофалби и награди. Ќе се истакнете со вашите идеи. Луѓе со необичен поглед на светот ќе влезат во вашиот љубовен простор. Можеби ќе се најдете во врска со некој што не е ваш тип, но сепак го има „тоа нешто“ што ве освоило. Доколку сте во брак или врска деновите што следат ќе бидат добри и покрај повремените испади од ваша страна. Поради неповолното влијание на Марс, ќе се чувствувате исцрпено, а особено ќе ви пречи жештината.

Скорпија

Односот со некој деловен соработник ќе ве наполни со негативна енергија. Никој нема да започне разговор за конкретниот проблем, а и сите ќе знаат дека нешто се случува и дека треба да го решите. Скорпиите треба да внимаваат што зборуваат и какви потези преземаат на деловен план. Во љубовта ќе ги потиснувате чувствата за да избегате од разочарување. Пред да почнете да се однесувате така, запрашајте се дали реално сте ја погледнале ситуацијата во која се наоѓате и дали правилно сте ги процениле чувствата на вашиот партнер. Не претерувајте. Доколку веќе некое време се чувствувате слаби и без енергија, не би било лошо да го проверите нивото на железо во крвта.

Стрелец

Ништо нема да ви „падне од небо“, па бидете подготвени да се борите со тешкотиите. Ќе направите се за да се докажете во професионална смисла, што може да ви донесе напредок во кариерата, и покрај предизвиците и неуспесите. Новите врски, свадби и веридби ќе ја истакнат улогата на партнерот во вашиот живот. Иако сте во чувствителен период, токму сега ќе има судбоносни пресврти, фатални познанства, ставање крај на врски и влегување во нови. Некои одлуки ќе зависат само од вас. Ќе бидете исклучително друштвени, склони кон флерт, забави и патувања. За вашата ментална стабилност ќе биде важно да се движите насекаде и да имате што повеќе контакт со луѓето.

Јарец

Не занемарувајте ја креативноста бидејќи вашите оригинални идеи лесно ќе најдат плодна почва. Може привремено да ја преземете функцијата на шеф, да преговарате за нови проекти или да бидете домаќини на партнери од друг град. На љубовно поле на почетокот нема да ја видите понудената љубовна можност во согласност со очекувањата на другиот. Но, немојте да се разочарувате и да се откажете од потрагата по љубов. Доколку сте во врска или брак намалете ги преголемите очекувања што ги имате кон партнерот, така што ќе почнете подобро да се согласувате. Ќе чувствувате умор, па на вашето тело ќе му треба повеќе одмор и сон од вообичаено.

Водолија

Ќе се појават интересни можности на деловен план, но ќе ви треба многу трпение и итрина за да ги остварите своите амбиции. Вашата вербална острина може да ви помогне да ги победите ривалите, но и да стекнете непријатели. Во љубовта следете го говорот на срцето и телото и свртете се кон нешто ноо. Ако неодамна сте влегле во врска, ќе почувствувате дека станува збор за нешто посебно и истата е полна со суптилна енергија што прави вие и вашиот партнер да се чувствувате разбрани интуитивно. Искористете го слободното време за одмор. Не должите објаснувања на никој. Тие што ве познаваат добро, ќе знаат дека тоа ви е потребно.

Риби

Ќе имате пристап до туѓи пари или имот, ќе се занимавате со кредит, наследство. Би можело да ви се појави можност да работите надвор од границите на земјата. Размислете добро, тоа може значително да ви ја подобри финансиската состојба. Доколку сте латентно незадоволни, нетрпеливи и иритирани од состојбата на вашиот брак или врска, само доволно отворен разговор ќе ви помогне да ја смирите ситуацијата. Доколку сте слободни, можна е необична средба која ќе бара голема флексибилност од вас доколку сакате здрава врска. Не ја истурајте нервозата на семејството, туку обидете се да се ослободите од истата престојувајќи во природа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Романија започнува дистрибуција на таблети со јод за случај на нуклеарен инцидент

Следно

Снопче: Бујар Османи неколку пати славеше датум за преговори со ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian