Франција бара нафтата од Иран и Венецуела да се врати на меѓународниот пазар

1 min read

Франција побара нафтата од Иран и Венецуела, двете земји кои се под американски санкции, да се врати на меѓународниот пазар за да се ублажи недостигот предизвикан од намалените испораки од Русија, што ќе го поттикне зголемувањето на цените, изјави денеска француски официјален претставник.

САД викендов на самитот на Г7 во Германија предложија во новиот пакет санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина да се ограничат цените на нафтата за да се намалат руските приходи од продажбата на црното злато.

Плафонот на цената ќе се утврди или со ограничување или со забрана на осигурување или со финансирање на испораките на руска нафта над одредена сума. Тоа ќе ги спречи ефектите од прелевањето на високите цени на нафтата врз земјите со ниски приходи, што и онака се борат со високите трошоци за храна и енергија.

Според официјални претставници на кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, од друга страна, Париз сака механизмот за ограничување на цените да вклучи што е можно повеќе производители на нафта, а не само Русија. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Македонските и бугарските полициски специјалци на заедничка вежба во Софија

Следно

Градоначалничката Арсовска додели награди и благодарници за најдобрите на регионалните средношколски натпревари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian