Џенифер Лопез го покажа својот татко кој ретко се појавува во јавност: Најдобар татко

2 mins read

Пејачката Џенифер Лопез на својот инстаграм-профил неодамна му го честиташе Денот на таткото на својот татко Дејвид Лопез и сподели неколку заеднички фотографии.

Џенифер во објавата го нарече својот татко Дејвид „најдобриот татко“. Таткото на латино дивата бил во војска со години, па кариерата ја продолжил како компјутерски техничар, додека нејзината мајка Лупе работела во училиште. Родителите на Џенифер се развеле во 1999 година, а таа наводно останала во добри односи со двајцата родители.

Пејачката неодамна се отвори за сложената врска со нејзината мајка Гвадалупе Родригез и рече дека нејзината мајка ја тепала кога била мала. Во нејзиниот нов документарен филм „Halftime“ на „Netflix“, таа зборуваше за тоа колку строга била нејзината мајка во воспитувањето на неа и нејзините две сестри, Лесли и Линд.

„Таа го направи она што требаше за да преживее, и тоа ја направи силна, но исто така ја направи строга. Знаеше да не скрши од ќотек“, признала пејачката. Џеј Ло излегла од дома кога имала 18 години, откако неколку пати се судрила со мајка си за нејзината иднина.

Самата Родригез призна дека била строга кон своите ќерки.

Таа емигрирала од Порторико и ги одгледала своите ќерки во Бронкс, заедно со нејзиниот сопруг Дејвид, од кого се развела кога девојчињата потпораснале.

„Секогаш имав најголеми очекувања од нив. Не сакав да бидам критична, само сакав да им покажам дека секогаш можат подобро. Најтешко ми беше со Џенифер, ќе бидам искрена. Честопати не се согласувавме“, во една прилика призна мајката на познатата пејачка.

 

Џенифер Лопез: Мајка ми знаеше да ме скрши од ќотек

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Абазовиќ најави брзо решавање на прашањето на СПЦ и Темелниот договор

Следно

За да не останеме без судии, итно се менува закон и им се продолжува работниот век

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian