Бред Пит: Никогаш не требаше да го снимам тој филм

1 min read

Бред Пит, иако зад себе има голем број успешни проекти, откри кој од филмовите на кои работел го смета за најлош во својата кариера.

Станува збор за филмот „Troy“, адаптација на Хомер во режија на Волфганг Петерсен во кој Пит го играше Ахил, легендарниот непобедлив воин.

„Не беше болно, но сфатив дека начинот на кој се зборува за тој филм не е како што сакав да биде. Во тоа имам свои грешки. Што се обидувам да кажам за „Troy“? Не можев да излезам од средината на кадарот. Тоа ме излудуваше“, раскажа Пит за „New York Times“.

Во тоа време Пит не можел да го каже своето мислење поради договорните обврски, но подоцна откри дека жали за снимањето на филмот бидејќи студиото го принудило на тоа откако се откажал од друг проект.

„Станав разгален работејќи со Дејвид Финчер. Тоа не е потценување на Волфганг Петерсен. „Das Boot“ е еден од најдобрите филмови на сите времиња. Но, некаде на патот „Troy“ стана комерцијална работа. Секој кадар беше како „Еве го херојот!“. Немаше никаква мистерија“, додаде Пит.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медитерански игри: Втор пораз на македонските одбојкарки во Оран

Следно

„Слободен печат“: Кој има корист бугарското вето да се стави во етничко гето?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian