„Бело самоубиство“: Тажната љубовна приказна на големата Марија Калас

3 mins read

Марија Калас била лудо вљубена во милионерот Аристотел Оназис, го оставила својот сопруг за него; Оназис се развел од сопругата која не му го простила предавството. Марија знаела како да го добие она што го сака, а тоа бил Оназис.

Наскоро Оназис почнал да ја изневерува Марија и да не ѝ посветува доволно внимание. Цутот на љубовта брзо поминал. Почнал да ја понижува пејачката пред сите, како што ја понижувала нејзината мајка кога била дете. И тогаш ја натерал да се ослободи од бебето, таа имала 43 години. Тешко е да се присили жена на тие години, добро ситуирана и позната, да се ослободи од дете ако не го сака тоа. На луѓето околу неа им се чинело дека Марија се спротивставила на таа идеја, но не премногу. На крајот на краиштата, таа не сакала да го изгуби Оназис! Значи детето исчезнало. И милионерот за абортусот ѝ подарил на Марија бунда.

И тогаш милионерот ја оставил. Се оженил со Џеки Кенеди. Марија целосно го загубила гласот од тој шок и веќе не можела да пее како порано.

Но, тогаш го запознала брачниот пар Ди Стефано. Џузепе бил и оперски пејач, тој бил трогнат од маката на Марија и почнал да ѝ помага на секој можен начин повторно да стане ѕвезда. Ди Стефано сметал дека работата лечи! И сопругата на Џузепе ја поддржувала пејачката, се додека не дознала дека спие со нејзиниот сопруг. Но, тие биле пријателки! Жената сметала дека е пријателка на Марија… Ѝ напишала болно писмо во кое ја прашала: „Знаеш дека мојот сопруг е моето сè! Како можеше? Како можеше?!“. Но, Марија не ѝ одговорила на нејзиното писмо…

И тогаш Џузепе ја напуштил Марија. Уморен од љубомората на неговата сопруга и депресијата на Марија… Марија повторно останала сама со своите купишта пари, накит и многу крзна.

За време на долгите осаменички ноќи, таа се завиткувала во крзно, галејќи го со рацете на кои ѝ светкале дијамантските прстени…

И тогаш се случи тоа „бело самоубиство“ – одела, јадела, спиела, но повеќе не живеела. Затоа што без љубов нема живот…

Кога починала пејачката, сопругата на нејзиниот последен љубовник Џузепе ди Стефано кажа зборови кои до ден денеска будат морници.

„Марија изврши „бело самоубиство“. Таа не крена рака на себе; едноставно го изгуби интересот за животот. Престана да живее. Таа беше скршена, ја изгуби смислата. Енергијата на животот ѝ исчезна. Таа немаше за што да пее и од што да живее, и немаше потреба“…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прв медал за Македонија, борачот Нуров ќе се бори за злато на Медитеранските игри

Следно

Бугарија ја изгуби шансата да биде наш ментор и стратегиски партнер, вели Лазаров од македонско-бугарската комора

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian