Андерсон: Нема да дозволам Шведска да стане засолниште за терористи

1 min read

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави дека нема да дозволи нејзината земја да стане засолниште за терористи.

Нејзината изјава уследи по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел и пред почетокот на Самитот на Алијансата во Мадрид, со цел да добие поддршка од Турција за членството на Шведска.

– Нашиот став за Курдската работничка партија (ПКК) е сосема јасен. За ЕУ групата е терористичка организација, со што се согласува и Шведска. Шведска не е и нема да биде засолниште за терористите. Властите интензивно ќе работат на протерување на оние кои би можеле да бидат закана за безбедноста, а веќе има значителен број случаи што во моментов се процесуираат, наведе Андерсон.

Турција го блокира влезот на Шведска и на Финска во НАТО со образложение дека им пружаат засолниште на курдски екстремисти.

kurir.mk

Претходно

Бугарија ја изгуби шансата да биде наш ментор и стратегиски партнер, вели Лазаров од македонско-бугарската комора

Следно

Егоров доби шанса да се бори за бронза на Медитеранските игри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian