СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Зголемен интензитет, на Табановце се чека

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со зголемен интензитет. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 30 минути, додека на другите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт пиеле пиво, а војвотката заиграла фудбал на високи потпетици

Следно

Германија привремено дозволува влез на странски работници поради недостиг на аеродромите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian