Петков за Гардијан: Се плашам дека Бугарија ќе ја омекне позицијата кон Русија

3 mins read

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков за „Гардијан“ пред гласањто за недоверба на неговата влад изјави дека неговата коалиција се соочува со два проблема: коруптивни интереси и проруско влијание во Бугарија, за кои рече дека „ги здружиле силите“ за да ја соборат неговата влада.

Британскиот весник ја забележува неочекувано силната проукраинска позиција што ја зазеде владата на Петков и покрај традиционалните врски на Бугарија со Русија, од каде пред војната доаѓаше околу 90 отсто од снабдувањето со природен гас во земјата.

Поради внатрешнополитичката криза, премиерот Петков стравува дека Бугарија ризикува да се врати на својата „традиционална улога на мека земја“ во критикувањето на Русија.

Доколку Петков не успее да формира нова коалиција, откако утре ќе го врати мандатот и ќе му биде врачен нов, тој стравува од „драстична промена“ во поддршката на Бугарија за Украина, пишува „Гардијан“.

-Се плашам дека земјата ќе стане многу поплашлива, помека во однос на реториката против војната и дека дел од нашиот извоз (помош) во Полска ќе биде нагло намален, рече бугарскиот премиер. -Се плашам дека силната позиција на ниво на Европската комисија и Европскиот совет ќе стане многу повеќе за избегнување јасен одговор отколку силен глас против Русија, додаде тој.

Кирил Петков, исто така, ја наведува како опасност за диверзификацијата на енергетските испораки можноста привремената влада брзо да склучи договор со Газпром, како резултат на што Бугарија ќе се согласи на шемата за плаќање на гас во рубљи.

-Русија навистина сака да ја собори оваа влада, бидејќи ќе покаже дека ако не играте со нив, тогаш владите паѓаат, рече Петков. -Ова ќе биде одличен пример за тоа како стратегијата за диверзификација на гас (испораки) не функционира. А не е нешто што тие би повеќе би сакале силно гласање против нив во однос на санкциите и поддршката за Украинците, додаде бугарскиот премиер.

„Гардијан“ потсетува на уште еден момент од острата политика на кабинетот на Петков кон Русија – кога летот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Србија беше блокиран. Во врска со тоа, бугарскиот премиер во интервјуто рече: -Тоа беше едноставна одлука. Решив дека тој нема да лета. Толку едноставно.

Во интервјуто премиерот се фокусираше и на спротивставеноста меѓу него и претседателот Румен Радев, кој рече дека испораката на оружје за Украина само ќе ја продолжи војната, пишува британскиот весник. Радев изјави дека е „многу силно против“ испораката на оружје за Украина преку трети земји. Бевме категорични околу тоа, рече Петков.

Според бугарскиот премиер, има повеќе непосредни причини за политичката криза во земјата отколку војната. Прашањата за корупција, наводите за лошо менаџирање и проширување на ЕУ во Западен Балкан играат важна улога, според „Гардијан“.

-Војната всушност многу јасно покажа кој на која страна е. За жал на власта, таа предизвика се поголема нестабилност бидејќи треба да се донесат тешки одлуки, рече Кирил Петков.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ужас кој денес го вознемири светот: Безживотни тела на 17 млади лица најдени во ноќен клуб

Следно

Андреј Јакимовски: Големо задоволство е да се игра за репрезентацијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian