Младиот Нермин Ханџиќ од БиХ победи на „Ѕвездите на Гранд“

1 min read

Во финалето на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ 16 натпреварувачи се бореа за победата. Секој од натпреварувачите се обиде да го даде својот максимум настап за да ги добие гласовите на публиката која вчера го избираше својот фаворит со смс гласови.

По десет месеци борба, работа и напори на менторите да им го дадат најдоброто на кандидатите, конечно триумфираа најдобрите, а според публиката тоа е 18-годишниот Нермин Ханџиќ чиј ментор беше Вики Миљковиќ.

Младото момче од Тешањ во БиХ е средношколец и за себе вели дека во слободно време сака да игра фудбал, дека пред се е хумана и позитивна личност. Неговиот музички идол е Шабан Шаулиќ.

Нермин во финалната вечер освои 128.456 илјади гласови од публиката од Србија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина.

„Ох, немам што да кажам, навистина, кој и да победеше го заслужуваше тоа. Ви благодарам на сите од срце“, воодушевено изјави победникот.

Златната статуетка на победникот му ја врачи водителот Воја Недељковиќ, а претставникот на компанијата „Превент поинт“ му ги предаде клучевите од автомобилот „Опел Корса“. Покрај автомобилот, победникот ќе добие песна и спот од „Гранд продукција“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нов светски рекорд на Меклафлин, трет за една година

Следно

Најмалку петмина повредени во Киев при ракетен напад врз станбена зграда

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian