Медиумите сега го селат Роналдо во Рома, Јунајтед тврди дека Португалецот не мрда од „Олд трафорд“

1 min read

Како што се приближува стартот на летниот преоден рок (1 јули) се поактуелно е иднината на Кристијано Роналдо кого медиумите веќе го преселија во неколку тима, а неговиот актуелен тим Манчестер јунајтед тврди дека Португалецот нема да си замине од „олд трафорд“.

Роналдо, прво се поврзуваше со враќање во Реал Мадрид, потоа со трансфер во Баерн Минхен, па во Челси, а денеска „Газета дело спорт“ го сели во Рома.

Според италијанскиот весник, агентот на Роналдо, Жорге Мендеш е во контакт со челниците на Рома на кои им го понудил Португалецот.

Додека Италијанците пишуваат за враќањето на Роналдо во Италија каде играше четири години во дресот на Јувентус, англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед воопшто не размислува за продажба на Португалецот и дека тој е во плановите на менаџерот Ерик тен Хаг за новата сезона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ССМ утре ќе го блокира влезот во Скопје

Следно

Најопасните селфи локации во светот: 300 луѓе ги загубија животите на овие места

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian