Играта на трева на Ѓоковиќ е супериорна и тој е главен фаворит за триумф на Вимблдон

1 min read

Поранешната тенисерка Пем Шрајвер смета дека Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за триумф на Вимблдон, најпрестижниот гренд слем и тениски турнир кој започнува утре.

Ѓоковиќ е прв носител на Вимблдон и ќе се обиде да дојде до четвртиот триумф по ред на терените на Олд Ингланд клубот и до вкупно 21 гренд слем титула во кариерата.

Шрајвер смета дека дополнителна мотивација за српскиот тенисер е и податокот дека Надал веќе има 22 гренд слем титули и не сака Шпанецот да му избега во трката за најважните трофеи.

– Новак има желба да направи добар резултат, а исто така не сака Рафа Надал да има три гренд слем трофеи повеќе по поразот во Париз и дебаклот во Австралија на почетокот на годината кога беше депортиран и оневозможен да ја брани титулата- вели Шрајвер.

Токму Ѓоковиќ според букмејкерите е прв фаворит за триумф на Вимблдон, а  идентично размислува и поранешната тенисерка.

– Новак е мојот фаворит за триумф, Неговата игра на трева е супериорна, победи на последните три изданија на Вимблдон. Мислам дека ќе биде далеку подобро подготвен отколку што беше во Париз. Да се игра на трева и на земја не е исто – додава Шрајвер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Собири во Скопје и Битола под мотото „Семејството, пред сѐ“

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт пиеле пиво, а војвотката заиграла фудбал на високи потпетици

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian