ФОТО+ВИДЕО | Принцот Вилијам и Кејт пиеле пиво, а војвотката заиграла фудбал на високи потпетици

1 min read

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се забавувале како најобични луѓе за време на настан во чест на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Идните крал и кралица пиеле пиво, грицкале чоколадо и играле фудбал. 40-годишинот Вилијам носел свечени црни чевли додека Кејт ја шутирала топката на високи потпетици.

Тие присуствувале на првиот ден од прославата на округот Кембриџшир, а на денот на церемонијата, на која имало трки, настапи и повеќе од 100 штандови, илјадници луѓе собираа пари за добротворни цели.

Кејт Мидлтон
Кејт Мидлтон и принц Вилијам / Фото: Profimedia

По тој повод Вилијам и Кејт разговарале со семејства кои користат услуги на добротворната организација, но и со деца кои имаат генетско нарушување на сврзното ткиво.

Истиот ден, тие го открија својот прв официјален кралски портрет во музејот Фицвилијам во Кембриџ.

ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Портретот ќе биде изложен во музејот Фицвилијам на Универзитетот во Кембриџ во период од три години, по што уметничкото дело ќе бидат изложено во други општествени простори и други уметнички галерии низ Кембриџшир.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Играта на трева на Ѓоковиќ е супериорна и тој е главен фаворит за триумф на Вимблдон

Следно

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Зголемен интензитет, на Табановце се чека

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian