Забранет влез за граѓани од ЕУ „без косовска виза” во ресторан во Приштина

1 min read

Ресторан во главниот град на Косово постави на својот влез табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес”.

Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас” доаѓа по завчерашното одбивање од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово.

– Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи, пишува на таблата на влезот од „Мамас”.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ, се наоѓа во непосредна близина на најголемиот логистички центар на Мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Јапонија измерени рекордни 40,2 степени Целзиусови

Следно

Македонија на 2 јули ќе ги дознае ривалите на Светското првенство 2023

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian