Во Сараево парадата на гордоста се одржа под мотото – Смрт на фашизмот, слобода на љубовта

1 min read

Со силни безбедносни мерки, околу 1.000 граѓани се вклучија во борбата за правата на ЛГБТИК лицата во БиХ. Овогодинешната поворка се одржува под мотото „Семеен собир“, а насобраните сакаат да го свртат вниманието на важноста на поддршката на квир семејството на луѓето.

Припадниците на ЛГБТИК популацијата во БиХ секојдневно се соочуваат со јавна осуда, навреди, дискриминација и закани.

Со овој собир како што соопштија тие а пренесе „Ослобоџење“ тие сакаат да покажат дека се таму, меѓу и дека сакаат да бидат рамноправни членови на општеството.

„Генерално, општествата каде што се одржуваат паради на гордоста, генерално имаат повисок степен на почитување на човековите права, особено на правата на ЛГБТИК. Истиот тренд е забележан и во нашите соседни земји. Видливоста ги разбива предрасудите. полесно е да мразите некој што не го познавате и никогаш не сте го виделе, отколку некој што знаете дека е ваш познаник, колега, сосед, брат, сестра, родител“ – вели Дина Бајректаревиќ, една од организаторите.

По прошетката низ центарот на градот, од 17 до 18:30 часот, поворката застана на платото меѓу Националниот и Историскиот музеј на БиХ, каде организаторите се обратија пред присутините, и потоа продолжи дружењето со музичката програма.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова вест, тест

Следно

Дневен хороскоп за 26 јуни: Не паѓајте во оган и искрено изразете ги своите чувства

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian