Се расчистува теренот по невремето во Делчево

3 mins read

Невремето кое вечерва го зафати Делчево предизвика голема штета на Градскиот пазар, урнат е дел од кровот на училиштето „Ванчо Прке”, повеќе улици се под вода и се непроодни, а дел од градот е сеуште без струја.

Поради расчистување на штетите сообраќајот на магистралата А3 од градот кон Македомнска Камнеица се одвива отежнато.

Градскиот пазар во Делчево е во многу лоша состојба по невремето кое се случи денеска околу 19:30 часот. Тезгите се превртени, предизвикана штета е огромна. Во близина е и ОУ „Ванчо Прке” каде што е урнат дел од кровот од невремето.

Улицата пред училиштето е блокирана поради искршените лимови од силниот ветер паднати на коловозот. Екипи на Комуналното претпријатие се веќе на терен и се интервенира на отстранување на паднати дрвја. Дел од градот нема струја, поточно делот од левата страна на река Брегалница кој е во мрак.

Директорот на Комуналното претпријатие „Брегалница” Стојче Стојковски за МИА изјави дека според првичните информации од оддлението за ППЗ, од нивните согледувања на терен, како и од информациите од Полициската станица во градот се дека прироритет во моментов е расчистување на коловозите од градот кон граничниот премин, како и на паднати дрвја кои се регистрирани на многу места.

-Во координација сме со сите служби, со Центарот за управување со кризи. Работиме со сите наши капацитети, на терен се сите вработени. Приоритет е расчистување на сообраќајниците, освен таму каде што има паднати електрични столбови каде се работи во координација со кои го одржуваат јавното осветлување за да може безбедно да се пристапи кон нивно  отстранување, рече Стојковски.

Тој додаде дека засега нема информации дали околните села настрадале од невремето, а засега нема информации ниту за повредени.

Поради невремето, кое е вели, незапаметено досега, без струја е филтер станицата во Тработивиште и водоснабдувањето во моментов се врши исклучиво преку браната Лошана, па се препорачува до граѓаните водата да не ја користат за пиење.

Тој упати апел до граѓаните да останат смирени и да информираат доколку има потреба за интеревенции од страна на јавното претпријатие.

Пратеничката Соња Михаиловска, која е лекар по професија, за МИА потврди дека според информациите добиени од Итната медициснка помош во Делчево, засега нема повредени.

Се очекува вечерва да се одржи состанок на надлежните институции со цел да се утврдат понатамошните дејствија за санирање на штетите од невремето.

ВИДЕО | Невреме во Делчево, поплавени улици, уништени автомобили

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СМЕШНО ВИДЕО | Несмасни панди во зоолошка градина

Следно

Нова вест, тест

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian