Македонија на 2 јули ќе ги дознае ривалите на Светското првенство 2023

1 min read

Следното Светско првенство ќе се одржи во периодот од 11 до 29 јануари 2023 година во Полска и Шведска.

Потсетување дека Македонија по осмипат обезбеди учество на Мундијалите откако во баражите ги елиминираше репрезентациите на Романија и Чешка.

Како што е најавено, жрепката ќе се одржи на 2 јули во полскиот град Катовице, а нашата селекција ќе ги чека противниците на СП од вториот шешир во кој се наоѓаат уште Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, домаќинот Полска и Црна Гора. Сите шешири пред жрепката ги потврди Полската ракометна федерација.

СП 2023
Прв шешир: Данска, Шведска, Шпанија, Франција, Норвешка, Исланд, Германија, Африка 1

Втор шешир: Катар, Хрватска, Белгија, Бразил, Португалија, Полска, Црна Гора, Македонија

Трет шешир: Србија, Унгарија, Аргентија, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

Четврти шешир: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, „Вајлд карта“ 1, „Вајлд карта 2“

Една репрезентација треба да дојде од првенството на Северна Америка и Кариби (26 јуни до 1 јули во Мексико), пет од африканскиот шампионат (11 до 18 јули во Египет), а на две репрезентации ќе им бидат доделени „вајлд карти“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забранет влез за граѓани од ЕУ „без косовска виза” во ресторан во Приштина

Следно

Откриена е најголемата бакерија во светот, може да се види со голо око

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian