Каби Ламе стана најследен профил на „Тикток“ со неверојатни 142,8 милиони следбеници

2 mins read

Каби Ламе официјално ја престигна мегапопуларната тинејџерка Чарли Д’Амелио и стана најследен профил на „Тикток“, пишува Си-ен-ен.

Овој мајстор на кратки смешни видеа сега има 142,8 милиони следбеници на мрежата, што го става над Чарли (која моментално има 142,3 милиони).

Ламе е роден во Сенегал, а неговото семејство се преселило во Чивасо, Италија кога тој имал една година. Тој го отвори својот канал на „Тикток“ и го сподели своето прво видео во март 2020 година, откако беше отпуштен од работа во фабрика во раните денови на пандемијата на коронавирус.

@khaby.lame 🏀 The basketface 🏀 sad life 😅🤣😭 #learnfromkhaby #learnontiktok @tiktok ♬ suono originale – Khabane lame

Комичните видеа на 22-годишникот добија огромна популарност и тој стана еден од најпознатите и најомилените креатори на содржини на „Тикток“ во светот.

Култните изрази на лицето и говорот на телото на Ламе (неговите видеа обично не вклучуваат дијалози) дозволија неговата содржина да биде привлечна низ целиот свет, а тој разви специјалност за видеа со реакции и лажирање апсурдни препораки.

„Од детството, јас сум страстен за забава и за смеење на луѓето и благодарен сум на Тикток што ми понуди глобална сцена за да ја споделам мојата страст со остатокот од светот“, рече Ламе во изјавата во август 2021 година, кога тој надмина 100 милиони следбеници.

@khaby.lame If @50 Cent had to do a casting in the 19th century. 🤣 #learnfromkhaby #learnontiktok @tiktok @tiktokcreators ♬ sonido original – 0riginal_G7

Како што самиот рече, инспирациите за неговите видеа ги вклучуваат „Принцот од Бел-Ер“ и Вил Смит, Еди Марфи, францускиот актер Омар Сај и цртани филмови.

Ламе го објави своето прво видео кое стана вирално во ноември 2020 година. Во клипот, кој е прегледан повеќе од 17 милиони пати, тој реагира на видеото на девојка која е имобилизирана откако маж го заклучува ранецот што таа го носи на бандера и без збор покажува дека може да се извлече со едноставно соблекување на ранецот.

@khaby.lame #stitch con @antonchaley #foryoupage #foryou #comic ♬ suono originale – Khabane lame

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бејл ќе игра со Кјелини и Мусовски во американската МЛС лига

Следно

ФОТО ГАЛЕРИЈА | Започна третата „Парада на Гордоста“ вечерва во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian