ФОТО ГАЛЕРИЈА | Започна третата „Парада на Гордоста“ вечерва во Скопје

2 mins read

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред малку го започна овогодинешното издание на „Скопје прајд“. Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за почетокот на третата по ред скопска парада на гордоста.

 

Протестниот марш по скопските улици ќе започне во 19 часот, веднаш по кратките поздравни говори. Парадата ќе продолжи со културно уметничка програма на Стадионот на АРМ, која ќе биде отворена со настап на овогодишната македонска претставничка на Евровизија, Андреа Коевска.

Според најавите на стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер.

„Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачаа пред собирот организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).

На градските улици покрај организаторите и учесниците на маршот на „Скопје прајд“ забележливо е и големо присуство на полициски сили кои го обезбедуваат овогодинешниот собир. Засега според информациите од терен, собирот се одвива мирно и достоинствено.

Репортерската екипа на „Слободен печат“ која е на терен успеа да ги забележи меѓу присутните и невладиниет сектор, вицепремиерот Бојан Маричиќ и министерката за труд Јована Тренчевска, но и други јавни личности.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Каби Ламе стана најследен профил на „Тикток“ со неверојатни 142,8 милиони следбеници

Следно

Ужас во Украина: Руските сили го зазедоа Северодоњецк, а во Лисичанск се водат улични борби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian