Бејл ќе игра со Кјелини и Мусовски во американската МЛС лига

1 min read

Герет Бејл ќе биде нов фудбалер на Лос Анџелес Галакси кој се натпреварува во американската МЛС лига.

Еден од најдобрите играчи на светот ќе има можност да игра со екс членот на Јувентус, Џорџо Кјелини.

А во редовите на Лос Анџелес Галакси е и Дени Мусовски за кој ФФМ во 2020 година информираше дека прифати да игра за Македонија и оттогаш се остана само на таа информација.

Велшанецот минатата сезона со Реал Мадрид ја освои титулата во Лигата на шампионите, а во шпанската „Ла Лига“ запиша само пет настапи и еден гол.

– Герет Бејл веќе го потпиша главниот дел од документите со ФК Лос Анџелес, со договор до јуни 2023 година со вклучена опција за продолжување на соработката. Наскоро клубот ќе го промовира Велшанецот кој ќе го напушти европскиот фудбал и го проба МЛС искуството – се информациите на новинарот Фабрицио Романо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Охриѓани физички се пресметувале во маркет

Следно

Каби Ламе стана најследен профил на „Тикток“ со неверојатни 142,8 милиони следбеници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian