ВИДЕО | „Кралот пристигна“: Хаска со круна и наметка, ги воодушеви луѓето на социјалните мрежи

1 min read

Кога кучињата би избрале крал меѓу себе, ова хаски со сигурност би влегло во најтесната конкуренција за тронот. Во видеото објавено на социјалните мрежи, кучето пристигнува во собата со помош на неговиот „слуга“ кој го влече додека тој си седи на долгиот чаршаф.

Хаскито на главата, како вистински крал, носи круна и кралска наметка. Кога сето ова ќе се земе предвид, можеби единствено му недостасува бастун и неговото владеење може да започне.

Луѓето на социјалните мрежи веднаш го прифатија новиот владетел: „Кралот пристигна! Какви мудри зборови ќе сподели вашата благодат денес со нас?“, „Ваше височество!“, „Сите мора да се поклонат во присуство на кралот“, „Мој поклон“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ајакс сака да го врати Луис Суарез во Амстердам

Следно

Османи: Имаше обиди за хибридни напади со цел да се наруши државната стратегија за францускиот предлог

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian