Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

1 min read

На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран  и хортикултурно уреден нов зелен плоштад.

Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри. 

Зелената површина е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки. 

Уредувањето на просторот се одвиваше во неколку фази, односно се изврши прекопување и отстранување на површинскиот слој што се замени со квалитетна почва. 

На целиот зелен плоштад е поставен систем за наводнување на засадениот цветен расад од сезонско цвеќе од видот цинија, како и на тревникот и вегетацијата. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Зеленски: Украина не е тампон зона меѓу Западот и Русија, таа во иднина ќе биде членка на ЕУ

Следно

Нејмар пресече – останува во ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian