Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) им даде специјална дозвола на трансродовите фудбалери да можат да бираат дали ќе се натпреваруваат во машка или во женска конкуренција.
На почетокот од неделава, Светската пливачка федерација (ФИНА) одлучи да го ограничи учеството на трансродови спортисти во женските натпреварувања и да создаде работна група за воспоставување на „отворени“ категории за настап за нив.
Германците сепак одлучија да не се гледа полот на раѓање при регистрација на играчите туку трансродовите фудбалери ќе можат сами да бираат дали ќе играат во машка или во женска конкуренција.
Историска одлука на ФИНА: Трансродови пливачки нема да се натпреваруваат во женска конкуренција