Нејмар пресече – останува во ПСЖ

2 mins read

Бразилскиот репрезентативец Нејмар конечно стави крај на шпекулациите околу неговата иднина, тој одлучи да остане во ПСЖ.

– Нејмар има само еден сон, со ПСЖ да триумфира во Лигата на шампионите. И покрај гласините дека се наоѓа на излезни врати од ПСЖ, тој е мотивиран и нема да се откаже се додека не го оствари сонот – изјави агентот на Нејмар, Вагнер Рибеиро.

По потпишувањето на новиот договор на Килијан Мбапе со ПСЖ, зачестија шпекулалциите дека Нејмар би можел да го напушти тимот и дека бил понуден на неколку екипи, но немало интерес за него поради големата плата која изнесува 35 милиони евра по сезона.

Челниците на ПСЖ со потписот со Мбапе се одлучија францускиот репрезентативец да биде лидерот на тимот и да се отарасат од Нејмар кој внесува раздор во соблекувалната со своено однесување.

Прво се појавија гласини дека најбогатиот клуб на светот Њукасл би платил колку што ќе побара ПСЖ, а потоа и дека Јувентус би можел да заврши во Јувентус на позајмица. Вчера како вистинска бомба одекна веста дека ПСЖ и го понудил Нејмар на Барселона за само 50 милиони евра.

Сите шпекулации околу неговата иднина ги прекина самиот фудбалер кој преку неговиот агент порача дека и следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Нејмар во ПСЖ пристигна во 2017 година кога „светците“ платија рекордни 222 милиони, но досега не успеа да го донесе трофејот од ЛШ на „Паркот на принцевите“. Најблиску беше пред две години кога ПСЖ загуби во финалето од Баерн Минхен со 1:0.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уреден новиот зелен плоштад на кеј „Димитар Влахов“

Следно

Шведската манекенка која се насели на островот Јаз повторно на слобода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian