Американскиот кошаркар со италијански пасош, Паоло Банкеро е избран за прв избор на НБА драфтот што утринава се одржа во Бруклин.
Орландо меџик го отвори драфтот со изборот на 19-годишниот крилен центар Банкеро (208 сантиметри) кој минатата сезона во дресот на Универзитетот Дјук имаше просек од 17,2 поени, 7,8 скокови и 3,2 асистенции по натпревар.
Според аналитичарите, Банкеро е голем талент посебно и кој може да израсне во една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, додека единствена замерка му е недоволната брзина во играта во одбрана.
Банкеро е роден во САД, но има италијански пасош и потврди дека ќе настапи за селекцијата на Италија на претстојното Европско првенство.
Банкеро потекнува од спортско семејство, неговата мајка Ронда Смит Банкеро е поранешна кошаркарка, а додека татко му Марио играл американски фудбал за Универзитетот Вашингтон.
The 2022 Number 1⃣ overall pick, Paolo Banchero 📸 pic.twitter.com/FPiHS20w4h
— NBA Draft (@NBADraft) June 24, 2022
Оклхахома сити тандерс која бираше втора се одлучи за кошаркарот на Универзитетот Гонзага, Чет Холгрем. Холгрем е висок 213 сантиметри и има само 88 килограми и неговата конституција ги загрижува НБА скаутите кои порачуваат да стави некој килограм бидејќи му си предвидува голема иднина.
Every pick from Round 1 of the 2022 NBA draft 📝 pic.twitter.com/PWPKwx1Tr3
— ESPN (@espn) June 24, 2022
Најголема предност му е заштитата на рекетот како и способноста сам да си креира шутеви од дриблинг и има добар шут за три поени.
Хјустон како трет избор на драфтот го зеде Џабари Смит јуниорс од Обурн иако се предвидуваше тој би можел да биде прв избор на драфтот. Киган Мари од Ајова заврши во Сакраменто, а петтиот избор Џејден Ајви кариерата во НБА лигата ќе ја започне во Детроит.
Изборот на првите десет кошаркари на НБА драфтот го комплетираа Бенедикт Матурин (Индијана), Шејдон Шарп (Портланд), Дејсон Дениелс (Њу Орлеанс), Џереми Сочан (Сан Антонио) и Џони Дејвис (Вашингтон).
И на годинешниот избор на драфтот имаше кошаркар од регионот што беше избран во првата рунда, Мајами хит како 27 избор се одлучи за Никола Јовиќ од Мега.