Ердоган вели дека треба да се размисли за смртна казна во Турција

2 mins read

Говорејќи за потпалувачот на шумскиот пожар во Мармарис, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска рече дека треба да се разговара за воведување на смртна казна за подметнувачите на пожари.

„На 21 јуни 2022 година избувна шумски пожар во Мармарис. Со интервенцијата беше спречено понатамошното ширење на пожарот. Во напорите за гаснење учествуваа 15 авиони и 46 хеликоптери. Би сакал да им се заблагодарам на сите наши екипи овде за нивните напорна работа“, рече Ердоган, истакнувајќи дека нема загуба на човечки животи.

„Под контрола се ставени шумските пожари во Даламан, Фетије, Кајчегиз и Сејдикемер. Во пожарот не загубивме животи. Од другите провинции со координација на АФАД беа доделени 271 возило. Од Романија и Израел побараа поддршка од авиони со Европскиот механизам за цивилна заштита, но не ни излезе во пресрет. Учествуваа авион од Азербејџан и 3 хеликоптери од Катар. Генералната управа за шумарство продолжи со работата со 14 авиони и 25 хеликоптери. Наши здравствени тимови укажаа 47 лица и беа отпуштени од болниците“.

Најавувајќи дека продолжуваат работите за гаснење и ладење, претседателот Ердоган продолжи:

„Повеќето од евакуираните се вратија во безбедни подрачја. Вкупно 344 луѓе се згрижени. Вкупно 467 животни и 52 возила се евакуирани. Обезбедена е парична помош за домаќинствата евакуирани поради пожар во областа Мармарис.

„За смртната казна треба да се разговара“, додаде Ердоган.

Наведувајќи дека лицето кое го предизвика пожарот е уапсено, претседателот Ердоган рече: „Од овој пожар не се оштетени само шумите, туку и животните. Султанот Фатих вели: „Ќе пукам во вратот на секој што ќе исече дрво од мојата шума. За ова треба да се разговара. Треба да се разговара и да се нагласи прашањето за смртната казна“.

Смртната казна во Турција е укината во 2004 година, согласно условите за влез во ЕУ, каде земјата со децении има статус на кандидатка за членство.

Засега нема коментар дали ваквата одлука која е спротивна на ЕУ стандардите, Турција официјално ќе го заврши европскиот пат, односно официјално ќе се откаже од влез во ЕУ.

РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Забраната за движење во шума го испразни Водно

Следно

Прауд светски шампион на 50 метри слободно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian