ВИДЕО: Зидан откри зошто пред 16 години со глава го удри Матераци!

2 mins read

Финалето на Светското првенство во 2006 година ќе се памети по црвениот картон на Зинедин Зидан.

Италија тогаш ја освои титулата победувајќи ја Франција во финалето (5:3 на пенали), но ударот со глава на француската икона Зинедин Зидан (50) во градите на Марко Матераци (48) го одбележа натпреварот. Видеото можете да го погледнете ТУКА

Речиси 16 години по легендарниот инцидент, Зидан откри нови детали. Во интервјуто за „Л’Екип“ објасни зошто тој ден бил особено емотивно напнат. Французинот тогаш се загрижил за состојбата на својата мајка, потоа следуваше провокацијата на Матераци кој ја навредил сестрата на поранешниот ас на Јувентус и Реал Мадрид.

– Мајка ми беше многу уморна тој ден. Разговарав со сестра ми на телефон неколку пати на ден. Значи знаев дека мајка ми не е добро. Само се грижев за неа. Матераци навредуваше сестра ми која беше со мајка ми во тоа време. На теренот често те навредуваат и ништо не се случува, но тој ден бев многу чувствителен и се случи тоа што се случи, морав тоа да го прифатам. Не сум горд, но тоа е дел од моето патување, ова е мојата кариера, приказната за мојот живот. Затоа велам дека сè уште не сум завршил со француската репрезентација. Не сакам вака да заврши. Сè уште не е готово – рече Зидан, кој сонува да биде селектор на „триколорите“.

Последната тренерска работа на Зидан беше во мај минатата година кога го напушти Реал по сезона во која не освои ниту еден трофеј, а во првиот мандат на клупата на „Кралскиот“ клуб освои три титули во Лигата на шампионите.

Пред да го договори Галтие, ПСЖ добил корпа од четворица тренери

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обвинителство на БиХ: Не било пукано со огнено оружје кон авиопн на „Кроација ерлајнс”

Следно

РЕЦЕПТ | Вкусни, здрави и крцкави: Домашни крекери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian