Велкоски го напушти Сараево како еден од најтрофејните во историјата на клубот

2 mins read

Крсте Велкоски и Сараево и официјално го раскинаа договорот кој претходно важеше до 31 мај 2023 година. Поранешниот македонски репрезентативец остави неизбришлива трага во двата мандати кои ги помина во Кошево.

Со своите голови, асистенции и трофеи тој засекогаш остана запишан со златни букви во историјата на фудбалскиот клуб од Босна и Херцеговина.

Тој пристигна во Сараево во јануари 2014 година од Работнички за по две години да премине во јужнокорејскиот Инчеон Јунајтед. По 18 месеци поминати во Јужна Кореја и Тајланд, тој се врати во Сараево во летото 2017 година и со многу успеси во последните пет години го носеше „бордо“ дресот.

Името на Велкоски, кој во меѓувреме стана капитен на тимот, се поврзува со сите успеси на ФК Сараево во последните неколку години. Со освоените три шампионски титули и три трофеи во Купот на БиХ, тој стана еден од најтрофејните фудбалери во историјата на клубот.

Своето деби го имаше на 1 март 2014 година против Челик и оттогаш забележа 235 настапи, постигнувајќи 64 гола и забележа 44 асистенции. Со овој ефект тој стана еден од најдобрите 10 најдобри стрелци на Сараево во историјата. Тој е на 10 место со Фрањо Ловриќ, а само еден гол повеќе од нив постигнаа Хусреф Мусемиќ и Ален Авдиќ.

Странец со најмногу настапи, трофеи, голови и асистенции во историјата на Сараево. Во својата кариера 15 пати го носеше дресот на македонската А репрезентација со која учествуваше на Европското првенство во 2021 година. Се најавува дека по завршувањето на играчката кариера тој ќе се врати во бордо семејството во поинаква улога.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милановиќ: Да ѝ се даде кандидатски статус на Босна и Херцеговина, како чин на доверба и на надеж

Следно

Ова се најголемите хипохондрици во зодијакот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian