„Успехот на МЗТ во АБА лигата немаше да се случи без навивачите“, истакна Муцунски и најави интересни новини поврзани со МЗТ

1 min read

Во денешното гостување кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров, Муцунски потенцираше дека е израснат во Аеродром и знае што значи МЗТ за жителите на оваа општина.

„Клубот сега има одличен тим и заслугата за успесите е на тимот, раководството и играчите, ние како градоначалници и политичари треба да даваме поддршка за нивните проекти. Успехот во АБА лигата немаше МЗТ да го постигне без навивачите на „Фемили“. Пред нас во следната сезона се многу интересни и важни натпревари“, кажа Муцунски во интервјуто. 

Тој додаде дека редовно комуницира со нив, бидејќи тие се дел од Аеродром и луѓето кои ја градат спортската култура.

„Спортот е шоу бизнис и мора да се анимираат луѓето за да бидат во сала. Освен задржување на најдобрите играчи, важно е да се анимира публиката да има атмосфера и тоа е дискутирано во неколку наврати“, истакна градоначалникот и најави интересна новина. Идејата е следната година дресот на МЗТ да биде дизајниран од некој локален – аеродромски уметник.

– Раководството на тимот сака клубот да биде поврзан со општина Аеродром и со граѓаните, а нас како раководство ни е обврска тоа да им го дозволиме, нагласи Муцунски во интервјуто. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Мајка го уверувала синот дека ќе го најдат Џон Сина ако побегнат од Украина, тој ги пронашол нив

Следно

Деца од сиромашни семејства во Франција биле преместени во елитни училишта: Еве ги резултатите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian