Шпанците најавуваат бомбастичен трансфер на Роналдо!?

2 mins read

Се чини дека Баерн Минхен се подготвува за реконструкција која ќе ги остави сите без здив следната сезона. Откако го официјализираше Садио Мане како големо засилување, баварскиот клуб е подготвен да ангажира уште еден голем играч, Кристијано Роналдо.

Ваквата бомбастична вест ја пишува мадридски „Ас“ според кој Португалецот многу лесно би можел да го замени Роберт Левандовски во нападот на германскиот шампион.

Јасно е дека сезоната зад Роналдо со Манчестер јунајтед беше за заборав, па тој е подготвен да го облече дресот на Баерн и да се обиде да освои уште еден трофеј на крајот од кариерата, секако, оној највредниот во Лигата на шампионите, каде Баерн немаше голем успех оваа сезона, откако во четвртфиналето неочекувано беше елиминиран од Виљареал.

Без ЛШ, во која Јунајтед нема да учествува, бидејќи не заврши меѓу четирите најдобри во Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ тешко ќе успеат да го убедат Португалецот да остане уште една сезона на „Олд Трафорд“.

Кристијано Роналдо размислува за враќање во Реал Мадрид

Единствениот потенцијален проблем кој би можел да настане со трансферот на Роналдо е неговата плата која во Манчестер изнесува околу 30.000.000 евра, но се шпекулира дека Роналдо сепак би можел да се согласи на нешто помал приход од споменатата сума.

Доколку трансферот навистина се оствари, Баерн следната сезона би имал навистина одличен напад. Мане и Роналдо, заедно со Коман, Гнабри, Сане, Милер...Сето тоа за Баварците би бил нов импулс кон врвот во најквалитетното европско клупско натпреварување.

Баерн не го пушта Левандовски во Барселона: Го чекаме Роберт на прозивката на 12 јули

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Санду: Историски ден за Молдавија

Следно

ВИДЕО | Пресладок самојад се разладува со лубеница

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian