Се апсеше во Градски парк, на Бит пазар, во Центар – МВР во акција против дилери

1 min read

Во текот на вчерашниот ден и денеска, по полноќ, МВР апсеше на повеќе локации во Скопје за марихуана. 

-На 22.06.2022 во 21.00 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Х.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

-На 22.06.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Л.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

-На 22.06.2022 во 22.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г.(30) од  Кавадарци затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

-На 23.06.2022 во 04.10 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Љ.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. 

-На 23.06.2022 во 00.30 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Л.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе бидат поднесени соодветен поднесоци против сторители. 

skopjeinfo.mk

Претходно

УНЕСКО: Повеќе од 150 објекти од културата во Украина делумно или целосно уништени

Следно

Македонскиот репрезентативец Миовски има понуда да игра во Шкотска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian