РЕЦЕПТ | Вкусни, здрави и крцкави: Домашни крекери

1 min read

Пробајте ги овие вкусни и крцкави крекери кои брзо се подготвуваат и се многу поздрави од купечките полни со заситени масти и прости јаглехидрати.

Потребни состојки:

– 75 г овес
– 100 г интегрално или пченично брашно(во зависност од брашното, може ќе треба да го регулирате количеството на вода)
– 5 мл маслиново масло
– вода
– сол, црн бибер
– 30 гр пармезан и зачини (по желба)

Начин на подготовка:

– Измешајте го овесот и брашното, додадете сол и бибер по вкус. Додадете го маслиново масло и направете тесто. Додадете вода, околу четири лажици, за да можете убаво да замесите и да го развлечете тестото. По желба, можете да додадете и малку рендан пармезан и различни зачини. Загрејте ја рерната на 180 степени. Расукајте го тестото, исечете ги крекерите и наредете ги во плех. Прободете го секој крекер малку со виљушка и премачкајте го со маслиново масло. Печете 15 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Зидан откри зошто пред 16 години со глава го удри Матераци!

Следно

Рама повторно ироничен: Поздрав од “Источна Македонија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian