Рама повторно ироничен: Поздрав од “Источна Македонија“

1 min read

На самитот на ЕУ – Западен Балкан што се одржува денеска во Брисел, премиерот на Албанија, Еди Рама изразувајќи солидарност и поддршка за С.Македонија, иронично при поздравот со Шарл Мишел – претседател на Европскиот Совет, Емануел Макрон, претседател на Франција и Урсула вон дер Лејен – претседателка на Европската Комисија им се обрати со зборовите „поздрав од Источна Македонија“.

Овој поздрав на Рама предизвика насмевка кај присутните и доаѓа само две недели откако пред вечерата по завршувањето на Самитот на земјите од Процесот на Југоисточна Европа во Солун домаќинот, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставува високите гости и кога доаѓа ред за македонскиот премиер, Мицотакис вели „Тоа е премиерот на Северна Македонија“, а албанскиот премиер Еди Рама, видно расположен и со чашка во раката, го дополни Мицотакис со зборовите „иден премиер на западна Бугарија“, по што следуваше смеење од присутните.

Рама потоа оваа досетка ја коментираше како сарказам и иронија.

„Тоа е сарказам во однос на Бугарија и иронија со Европската Унија. Неформална,” коментираа потоа од кабинетот на премиерот Еди Рама.

Видеото од новата шега на Рама погледнете го ТУКА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

РЕЦЕПТ | Вкусни, здрави и крцкави: Домашни крекери

Следно

Украина: Американските ракетни системи „ХИМАРС“ пристигнаа во земјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian