Пробиотиците можат да помогнат во лекувањето на депресијата

3 mins read

Пробиотиците, „добрите бактерии“ за кои често се тврди дека доведуваат до позитивни здравствени реакции, би можеле да играат улога во лекувањето на депресијата, се вели во новото истражување, во кое биле вклучени 47 доброволци што се соочувале со депресивни епизоди.

Учесниците во студијата кои со антидепресивите земале пробиотски додатоци, покажале подобрување на симптомите на депресија отколку оние што земале плацебо во период од 31 ден.

Истражувачите забележале и промени предизвикани од пробиотиците во цревната флора на оние што ги земале – зголемување на бактериите што произведуваат млечна киселина. Меѓутоа, следењето по четири недели покажало дека нивото на овие бактерии повторно се намалило во тој период, пишува „sciencealert“.

„Можеби период од четири недели третман не е доволен и потребно е подолго време за да се стабилизира новиот состав на цревната флора“, вели психијатарот д-р Ана-Кјара Шауб од Универзитетот во Базел, Швајцарија.

Истражувањето се занимава со нешто што научниците веќе го знаат – дека цревата и мешавината бактерии во нив можат да играат важна улога за нашето ментално здравје. Тимот, исто така, разгледале уште една претходно истражена врска, помеѓу депресијата и начинот на кој ги обработуваме емоциите што ги среќаваме кај другите луѓе.

Кај луѓето со депресија, одредени региони на мозокот различно се справуваат со оваа обработка и често се мери со набљудување на одговорите на изразите на лицето. Оваа студија го имала истиот пристап, користејќи скенирање за да види како учесниците реагираат на неутрални или исплашени лица.

Се покажало дека пробиотиците имале влијание и овде – за оние што земале „добри бактерии“, погрешните процеси на мозокот биле нормализирани. Иако причините зошто тоа се случува не се целосно објаснети, првичните знаци се позитивни, третманот влијае врз неколку аспекти на депресијата.

Здравствените придобивки од пробиотиците не се јасни, а истражувањето продолжува за тоа дали тие можат да направат повеќе штета отколку корист. Сепак, врз основа на овој мал примерок, се чини дека тиe имаат барем одреден потенцијал кога станува збор за лекување луѓе со депресија.

Тимот што стои зад студијата нагласува дека во овој случај пробиотиците не би дејствувале како третман сами по себе, без антидепресивите. Во моментов, на околу две третини од пациентите на кои им сe препишани антидепресиви, не покажуваат значителен долгорочен одговор на нив.

„Со дополнително знаење за специфичниот ефект на одредени бактерии, можеби е можно да се оптимизира изборот на бактерии и да се користи најдобрата мешавина за поддршка на лекувањето на депресијата“, вели д-р Шуаб.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Осум лица на суд поради смртта на Марадона, им се заканува затворска казна

Следно

Вархеји: Сега е моментот за одговорни одлуки, Западниот Балкан треба да биде дел од нашата ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian