Погба после шест години се враќа во Јувентус

2 mins read

Пол Погба (29) му кажа „да“ на Јувентус и треба да го потпише тригодишниот договор на почетокот на јули, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Сагата за враќањето на Французинот во Торино по шест години конечно доби епилог, а тренерот на клубот од Торино Масимилијано Алегри треба да изгради нов среден ред околу играчот кој пред шест години беше продаден на Манчестер јунајтед за 100 милиони евра.

Дека не е сè во парите на Погба, кој треба да заработува осум милиони евра по сезона, покажува и информацијата од Англија, според која тој одбил да ја продолжи соработката со Манчестер вредна 350.000 фунти неделна плата, што е повеќе отколку што ќе заработува во Италија.

Погба повеќе не се гледаше на „Театарот на соништата“, не сакаше да ги слуша критиките на навивачите и реши да се врати во Јуве каде што „експлодираше“, играјќи го најдобриот фудбал во кариерата.

Сезонава во Премиер лигата имаше 20 настапи и еден гол во дресот на „црвените ѓаволи“. Со „Старата дама“ во периодот од 2012 до 2016 годима имаше 124 настапи и 28 голови и со која четирипати ја освои Серија А, а по двапати Купот и Суперкупот на Италија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Европскиот Парламент со огромно мнозинство го поддржа кандидатскиот статус на Украина

Следно

ФОТО | Откриен е првиот официјален заеднички портрет на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian