Петков: Водевме тешки разговори, С. Македонија требаше да ги прифати нашите барања

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков на самитот со лидерите од Западен Балкан рече дека се воделе многу тешки разговори и дека имало „страшно очекување“ оти Бугарија ќе го тргне ветото.

„Второ нешто што се случи е дека дел од предлозите на француското претседателство се покажаа тешки за прифаќање од страна на Македонија, но тоа што мислам дека стана јасно е дека тоа не се веќе само барања на Софија, туку треба да станат и барања на Европа“, рече Петков.

Според него, тешката задача сега ќе биде во Македонија, која, според него, треба да ги прифати нивните барања за да го продолжи евроинтеграцискиот процес. Тој повтори дека без одлука на Бугарскиот парламент, тој не може да искаже позиција околу францускиот предлог, но изрази надеж дека одлуката за тоа ќе биде донесена бргу.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бред Пит се повлекува од глумата: Во последниот семестар сум

Следно

Најк целосно се повлекува од Русија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian