Осум лица на суд поради смртта на Марадона, им се заканува затворска казна

2 mins read

На осум здравствени работници ќе им се суди во Аргентина за убиство од небрежност поради смртта на фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, пренесува „Скај Њуз“.

На крајот од истрагата за смртта на Марадона, беше одлучено да се покрене судска постапка против здравствените работници кои се грижеа за Марадона, пред да доживее срцев удар на 60-годишна возраст, од кој почина на 25 ноември 2020 година.

Судијата Сан Исидра ја прифати тужбата против матичниот лекар, неврохирург, психијатар, менаџер на медицинска сестра и болничар.

Обвинителството во април побара да се покрене судски процес, укажувајќи на недостатоци и негрижа во грижата за фудбалската легенда, која закрепнуваше дома.

Претставен авион во чест Диего Марадона

Да потсетиме, Марадона почина од срцева слабост и белодробен ендем, додека се опоравуваше во својот дом во Буенос Аирес од невролошкиот зафат. Познатиот фудбалер имал проблеми со бубрезите и црниот дроб, срцето и невролошки проблеми, а бил зависник од алкохол и психоактивни супстанци.

Обвинетите ќе се бранат од слобода, а за делата што им се ставаат на товар судијата може да ги казни на 25 години затвор.

Според обвинителството, лицата задолжени за грижата за Марадона биле „протагонисти на невидена, целосно дефицитарна и несовесна домашна нега“ и извршиле „низа импровизации, лоши одлуки и пропусти“.

Леополдо Луке, личниот лекар на Марадона, призна дека „не е горд на тоа што го направил“, наведувајќи дека само „се обидел да му помогне“ на легендарниот фудбалер. Почетокот на судењето сè уште не е одреден.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Ќе има нови министри во следната влада на „Промените продолжуваат“

Следно

Пробиотиците можат да помогнат во лекувањето на депресијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian