Најк целосно се повлекува од Русија

1 min read

Американскиот малопродажен синџир за спортска облека и обувки Најк објави дека целосно се повлекува од Русија поради руската инвазија на Украина.

„Најк одлучи да го напушти рускиот пазар. Наш приоритет е да обезбедиме целосна поддршка на нашите вработени бидејќи одговорно ги намалуваме нашите операции во Русија во наредните месеци“, се вели во соопштението на Најк објавено од Ројтерс.

Одлуката за целосно повлекување на Најк доаѓа неколку месеци откако компанијата престана да прифаќа онлајн нарачки од руски купувачи бидејќи плаќањата стануваат сè покомплицирани оти Западот воведе санкции кон Русија.

Откако Русија ја нападна Украина, многу западни брендови го осудија нападот и ги прекинаа своите акктивности во Русија.

kurir.mk

Претходно

Петков: Водевме тешки разговори, С. Македонија требаше да ги прифати нашите барања

Следно

Пожар во Гази Баба, изгоре автомобил „Ауди“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian