Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и Џери Хол се разделуваат

2 mins read

Медиумскиот магнат Руперт Мурдок и неговата сопруга, инаку актерка и поранешен модел, Џери Хол, се разведуваат по шест години брак, пишува „Њујорк Тајмс“.

Тие се венчаа во 2016 година, две години откако Мардок се разведе од претприемачката Венди Денг. Мардок потоа на „Твитер“ напиша дека е „најсреќниот човек на светот“.

Руперт Мурдок
Руперт Мурдок и Џери Хол / Фото: EPA/ANDY RAIN

Веста за разводот шокираше многумина бидејќи парот минатата година изгледаа многу вљубени пред камерите на прославата на 90-тиот роденден на Мардок. Хол е 26 години помлада од Мардок. Портпаролот на Мардок одби да ги коментира наводите, додека соработниците на Џери Хол не беа достапни.

Ова е четврти развод на Мардок

Двојката се венчаше во Лондон во март 2016 година, по пет месеци љубовна врска. Тие организираа, како што тогаш го опишаа британските медиуми, скромна церемонија во „Спенсер Хаус“. За Мардок тоа беше четврти брак (а сега четврти развод), додека Хол претходно не била во брак. Таа беше 22 години во врска со Мик Џегер со кој има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца.

Руперт Мурдок
Руперт Мурдок и Џери Хол / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Руперт Мардок се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разведе во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

По разводот на Ана ѝ припаднаа 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг со која беше до 2014 година и со која имаше две деца. Мардок имал 68 години за време на нивната венчавка, додека Венди само 30.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Стојмановски: Статусот на спортските новинари мора да се издигне на ниво на општествен проблем

Следно

Борел и Мишел: Не можеме да продолжиме, затоа што една земја блокира, но Западен Балкан е приоритет за ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian